Владата на Алжир го блокирала цел интернет поради мамење на испити

Објавено на 25.06.2018 во Новости



Владата на Алжир го блокирала цел интернет поради мамење на испити

Алжирската влада одлучила да стави крај на мамењето на средношколските испити на необичен начин - го блокирала цел пристап кон интернетот во целата држава. Препишувањето и мамењето на тестовите е голем проблем што порано се обиделе да го решат со забрана на пристапот кон социјалните мрежи за време на испити, но тоа не било ефикасно.

Фиксниот и мобилниот интернет ќе биде блокиран во цела држава еден час пред почетокот на испитите, кои ќе се одржуваат неколку дена. Не само што ќе биде забранет интернетот, туку и воопшто носење на смартфони за време на испит, што ќе се проверува преку детектори за метал. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}