Нова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори

Објавено на 03.07.2018 во Новости



Нова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори

GRID-апликацијата претставува новитет на македонскиот пазар што ги зема предвид вашите преференци во поглед на тоа какви вести сакате да читате. Апликацијата преку едноставен дизајн и одличен интерфејс ви овозможува да ги следите вестите преку неколку категории – Вести, Забава, Спорт, Твитер, Најнови, Мои вести и Бум мени.

Првите три категории имаат дополнително неколку поткатегории кои попрецизно ги распоредуваат информациите и медиумите. Во категоријата Твитер се опфатени најпопуларните твитови во текот на актуелниот ден. Категоријата Најнови, пак, хронолошки ги сортира вестите по ваш избор на категорија. Со категоријата  Мои вести можете да зачувате вест што сакате да ја прочитате подоцна. Бум менито е информативно мени за најновите настани, концерти, театарски претстави, филмови, спортски натпревари, временска прогноза, хороскоп и ТВ-програма.

Она што претставува вистински новитет е можноста сами да изберете од кои медиуми ќе ги добивате вашите вести или, пак, сами да направите категории на вести по ваша желба Со ова, апликацијата GRID  ви заштедува време нудејќи квалитетна информативна содржина и точни, проверени и навремени информации. За користењето на овие персонализирани опции потребно е да се најавите преку вашиот гугл или фејсбук-профил и потоа со неколку скролања по екранот да ја направите посакуваната категорија  вести, зависно од темите и медиумите кои се од ваш интерес.

Квантитетот на информациите што секојдневно стигнуваат до нас придонесува за сè потешко распознавање и правење разлика помеѓу вистинските и лажните вести, како и за веродостојноста на изворите и медиумите што ги нудат овие вести. GRID претставува модерна и иновативна алатка со која читателите сами можат лесно да ја воочат разликата меѓу лагата и вистината што се пласира во медиумската сфера, oвозможувајќи целосен пристап до вести засновани на проверени факти.

Едноставна за користење, апликацијата е направена за сите оние кои сакаат постојано да бидат во тек со информациите и притоа да се сигурни дека добиваат квалитетни, проверени и веродостојни информации. Проверете ја и самите на Google Playstore или регистрирајте се да бидете првите кои ќе ја добијат новата  iOS верзија.

 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}