Три нови Snapdragon чипсетови со двојни камери, AI и пониски цени

Објавено на 04.07.2018 во Новости



Три нови Snapdragon чипсетови со двојни камери, AI и пониски цени

Qualcomm додава три нови чипсетови во својата линија: Snapdragon 429, Snapdragon 439 и Snapdragon 632. Snapdragon 400 и 600 сериите се најпродаваните на Qualcomm, затоа тој се труди да се подобри во оваа категорија. Новите чипови доаѓаат со подобрена долготрајност на батеријата, подобрена графика и AI способности за пониски цени. 

Новите процесори им овозможуваат на производителите сетап со двојна камера кај ценовно прифатливите телефони. Snapdragon 429 и 439 мобилните платформи ќе ги заменат 425 и 430, а нивниот нов начин на изработка со FinFET архитектура, ќе бидат за 25% побрзи и за 25% енергетски поефикасни. Според Qualcomm, X6 LTE модемот на двата чипа овозможува „побрзо даунлоадирање, брзо стримање на видеа и брзо листање на броузер“. Snapdragon 429 ќе има поддршка за сингл 16MP камера или двојна камера со 8MP, како и HD+ резолуција. Snapdragon 439 ќе има поддршка за една камера од 21MP или две од по 8MP исто како и 429. Ќе има поддршка за дисплеи од FHD+

Snapdragon 632 е замена за Snapdragon 626, кој ќе биде за 40% побрз, кој доаѓа со поддршка за 1080p (FHD), камера од 24MP, или дуал сетап со 13MP. Новите процесори ќе бидат достапни во втората половина на 2018 година.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}