Google приморан да го менува Android поради Европската унија

Објавено на 12.07.2018 во Android



Google приморан да го менува Android поради Европската унија

Google поради европските регулативи за праведна пазарна конкуренција би можел да остане без неколку милијарди долари. Сепак, мора да го промени начинот на кој функционира Android. На европските регулатори не им се допаѓа тоа што Google за време на инсталацијата на Google Play им диктира на корисниците и производителите на смартфоните со пристапот кон други апликации, додека истовремено го блокира инсталирањето на апликациите од втори извори.

Се очекува од европските регулатори, на чело со Маргарет Вестагер, комесар за пазарна конкуренција, до крајот на месецот да му одредат рекордна казна на Google во висина од неколку милијарди долари, поради начинот на кој компанијата ги присилува производителите на смартфони да ги испорачуваат своите уреди со однапред инсталирани апликации на Google.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}