Tesla Gigafactory 3 ќе се гради и во Кина!

Објавено на 12.07.2018 во Новости



Tesla Gigafactory 3 ќе се гради и во Кина!

Трговската војна меѓу Америка и Кина ја започна Доналд Трамп. Поради тоа се зголеми цената на електричните автомобили на Tesla во Кина. Зависно од конфигурацијата, цените на Model S и X се зголемени за над 20 илјади долари, а возилата на Tesla сепак не се евтини. Ова зголемување ќе влијае и врз продажбата на автомобили во најбројната земја на светот.

Како и секогаш, Илон Маск има решение и за тој проблем - ќе изгради нова фабрика за Teslа возила во Шангај. Минатата година во Кина беа продадени речиси 15 илјади Teslа автомобили, што е еднакво на една петина од приходите на оваа компанија. Реализацијата од Кина е многу висока, затоа таа е многу важна за оваа компанија. Се уште не е познато кои модели ќе се произведуваат во кинеската фабрика, но најверојатно тоа би биле Model 3 и Model Y.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}