LG Q6 стартува со Android 8.1 Oreo надградбата

Објавено на 12.07.2018 во Новости



LG Q6 стартува со Android 8.1 Oreo надградбата

LG Mobile откако ја финишираше надградбата на ланскиот премиум смартфон LG G6 со последната достапна верзија на Android 8.1 Oreo, сега фокусот го пренасочува и кон квалитетниот смартфон од средната класа LG Q6.

Први кои ја добија надградбата Android 8.1 Oreo за LG Q6 се корисниците во домашната Јужна Кореја, а со неа се доставени и повеќе софтверски подобрувања. Така сега LG Q6 има поддршка за DTS:X 3D стерео звук, прилагодување на LED блицот на камерата, скенирање на QR кодови и други новитети.

Надградбата со Android 8.1 Oreo за LG Q6 е прилично обемна со 1,1 GB па така корисниците пред да ја инсталираат треба добро да проверат со колкав капацитет на меморија располагаат. Глобалната надградба на LG Q6 треба да започне наскоро.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}