Видео: FIFA 18 ја сметаше Хрватска за тотален аутсајдер, а сега ќе игра финале

Објавено на 12.07.2018 во Новости



Видео: FIFA 18 ја сметаше Хрватска за тотален аутсајдер, а сега ќе игра финале

Пред почетокот на Светското првенство малкумина и даваа шанси на репрезентацијата на Хрватска да го освои пехарот, а сите дебати беа насочени кон Аргентина, Шпанија, Германија и Бразил. Сега, сите тие репрезентации се елиминари, па од фаворитите остана само Франција. Галските петли во големото финале ќе се соочат со Хрватска, најголемото и најпозитивното изненадување на ова првенство која борбено играше во сите елиминациски натпревари.

Добар показател за тоа колку мали беа шансите на Хрватска до врвот е и популарната видео игра FIFA 18. Според виртуелната проценка на играта Хрватска воопшто ја немаше како избор во мечевите меѓу репрезентации. Хрватска можеше да се избере само во делот на Светски куп. 

Оваа грешка на креаторите на FIFA 18 мора веднаш да се поправи и тимот на Хрватска со фантастичните Модриќ, Ракитиќ, Субашиќ, Ловрен, Маџукиќ и Перишиќ да биде дел од повеќето модови на играта во изборот на национални селекции. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}