Може ли Microsoft да лансира Android смартфон?

Објавено на 16.07.2018 во Новости



Може ли Microsoft да лансира Android смартфон?

Microsoft одамна ги сруши сите бариери кога е во прашање поврзаноста меѓу различни платформи и ја напушти политиката на екслузивност на хардверот и софтверот. Таа политика може да се преслика и во мобилниот сегмент бидејќи нивниот оперативен систем Windows Phone OS одамна е мртов.

Сега следен чекор би требало да биде пласирање на Microsoft смартфон кој ќе го користи Android оперативниот систем, но во софтверот ќе ги има вклучено сите препознатливи мобилни апликации како Cortana, Windows Office пакетот, Bing пребарувачот и Here мапите. 

Microsoft кога ја купи финска Nokia го доби и тимот на инженери кои ги развиваа Lumia смартфоните, а исто така има право и да го користи името на овој субренд, но досега беше многу тивок во смартфон сегментот. Вакво хибридно решение е сосема возможно од страна на Microsoft, па наскоро ќе се види дали идејата навистина ќе се реализира. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}