Откриена цената на моќниот Xiaomi Mi 8 Explorer

Објавено на 16.07.2018 во Новости



Откриена цената на моќниот Xiaomi Mi 8 Explorer

Explorer едицијата на Xiaomi Mi 8 ќе го има убедливо еден од најмускулестите хардвери на пазарот на смартфони во овој момент, па многумина корисници и фанови на кинескиот бренд се прашуваа дали оваа верзија на смартфонот ќе има повисока цена од тоа што досега беше вообичаено.

Според најновите информации Xiaomi Mi 8 Explorer ќе чини 550 долари, а во продажба ќе биде пуштен веднаш по целосната промоција закажана за 24 јули.

За оваа цена Xiaomi Mi 8 Explorer ќе понуди 8 GB RAM, 128 GB вградена меморија, 6.2 инчен AMOLED дисплеј, двојна главна камера со сензори по 12 мегапиксели, осум-јадрен Snapdragon 845 процесор, батерија со капацитет од 3000 mAh и Android 8.1 Oreo оперативен систем. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}