Откриен процесорот на Xiaomi Mi Max 3 Pro
Објавено на 23.07.2018 во Новости

Xiaomi наскоро ќе ја финализира новата Xiaomi Mi Max 3 со дополнителен Pro модел кој треба да понуди за нијанса помоќен хардвер и поголем мемориски капацитет за корисниците кои сакаат да издвојат пеесетина евра повеќе.
Сега, благодарение на Qualcomm се потврдува дека Xiaomi Mi Max 3 Pro ќе работи со современиот осум-јадрен Snapdragon 710 процесор со Kryo 360 технологија со потенцијал од 2,2 GHz.
Наскоро се очекуваат повеќе детали за целокупната понуда на Xiaomi Mi Max 3 Pro за кој се очекува да донесе и 6,9 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080x2160px, двојна главна камера со сензори од 12+5 мегапиксели, како и селфи камера со 8 мегапиксели.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.