Android Oreo се искачи на табелата по неколку месеци

Објавено на 24.07.2018 во Новости



Android Oreo се искачи на табелата по неколку месеци

Google речиси два месеца не ги откри актуелните состојби со фрагментацијата на Android мобилната платформа, па по оваа пауза ги откри процентите на пазарно учество на различните верзии на Android оперативниот систем.

Сега Android Oreo кој е последно достапен систем пред најавата и пуштањето во употреба на Android Pistachio, стигна до двоцифрена бројка односно е инсталиран кај 12,1% од сите Android уреди.

На листата како најраспространета верзија „седмицата“ на Android Nougat со вкупно пазарно учество на сите надградби од 30,8%. Со оваа состојба има надежи дека Pistachio кога ќе биде пуштен во употреба наесен брзо ќе стигне до поголем број на Android уреди и оваа фрагментација уште еднаш ќе се намали. 

Шестата верзија на Android Marshmallow и натаму е присутна кај дури 23,5% од мобилните уреди, додека пак „петтката“ Lollipop од застарените верзии е единствена со двоцифрена бројка од 20,4%.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}