Motorola One Power се повеќе се наближува

Објавено на 25.07.2018 во Новости



Motorola One Power се повеќе се наближува

Motorola One Power е сосема извесно дека наскоро ќе ја доживее официјалната промоција бидејќи веќе ги собра сите сертификати и дозволи, а нив ги компетираше и со одобрение од кинеската владина агенција за комуникации. 

Motorola One Power според досегашните протечени информации ќе биде достапен со 6.2 инчен FHD+ дисплеј со засек на врвот на екранот, ќе работио со осум-јадрен Snapdragon 636 процесор со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, ќе има двојна главна камера со сензори од 12MP + 5MP, 8 мегапикселна селфи камера и солидна батерија со капацитет од 3,780 mAh.

Исто така за Motorola One Power се знае дека ќе пристигне со Android 8.0 Oreo оперативен систем, а ќе се продава по цена до 350 долари. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}