Twitter ќе ви го заклучи профилот ако се викате Elon Musk

Објавено на 26.07.2018 во Новости



Twitter ќе ви го заклучи профилот ако се викате Elon Musk

Twitter развива нова стратегија за да се бори против измамниците со криптовалутите. Сега автоматски ќе ги затвара профилите со името на Elon Musk. За повторно отклучување на профилот ќе мора да го дадете својот телефонски број на Twitter и да го пополните тестот CAPTCHA.

„Како дел од нашата постојана борба против спам и злонамерни активности на нашата страница, почнавме да тестираме нови методи за соочување со профилите што ги користат термините поврзани со спам кампањата“, соопштуваат од Twitter.

Оние што имаат искуство со интернет лесно ги препознаваат измамниците што го користат името на Musk, но проблемот настанува кога на нивните фарси ќе падне некој што нема голема интернет култура. Како се препознаваат? Многу лесно. Сите твитови ќе им бидат со содржини за брза заработка во криптовалути, лесни инвестиции во непостоечки криптовалути, итн.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}