Skype и Swype добиваат Андроид апдејт

Објавено на 17.02.2012 во Новости



Skype и Swype добиваат Андроид апдејт

Неколку апдејти се достапни за овие две апликации кои воедно и се римуваат. Скајп апликацијата која овозможува бесплатни јавувања меѓу нивните корисници има апдејт на интерфејсот како и некои подобрувања во квалитетот при јавувањето а се достапни преку Андроид маркетот. Свајп од друга страна е апликација која пак овозможува полесно пишување на виртуелните тастатури по смартфоните. Таа дури сега има издадено и бета верзија за корисниците на Ice Cream Sandwich која што можете исто така многу лесно да ја најдете онлајн. А во прилог ви доставуваме видео од новиот Свајп: