Google ја објави најновата верзија на Android - Android Pie

Објавено на 08.08.2018 во Android



Google ја објави најновата верзија на Android - Android Pie

Деветтото издание на Android на почетокот ќе биде достапно само на Google Pixel мобилните, додека на останатите уреди ќе пристигне кон крајот на 2018 година. Android Pie воведува нов начин на следење при употреба на апликациите, овозможува поставување на ограничувања за време на користењето на апликациите, има подобрени известувања, а од Google ветија и подолго траење на батериите.

За Android корисниците ова се одлични вести. Според податоците на Google, претходната Android Oreo верзија е инсталирана на само 12% од уредите на Android, затоа не е познато кај колку уреди ќе се инсталира новиот оперативен систем. Google се соочува со проблеми со дистрибуцијата и ажурирањето на телефоните што не се под нивно производство. Компанијата најавува дека Android Pie ќе биде подобра, затоа што подобро соработува со останатите производители, со цел да им ја олесни дистрибуцијата на новиот оперативен систем. 

Pie ја има новата опција Digital Wellbeing, која ќе служи за да не потсети колку време седиме на телефонот, со цел да не претераме. Wind Down Mode опцијата е наменета за понатамошно влијание за оставање на уредите подалеку од себе на крајот на денот. Со оваа опција, живите бои на известувањето ќе се обојат во сиви нијанси за да ви укажат дека веќе е време за спиење и да имате здрав и добар сон.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}