Huawei Mate 20 Lite има засек на првите рендери

Објавено на 14.08.2018 во Новости



Huawei Mate 20 Lite има засек на првите рендери

Huawei претходно го лансираше дизајнот со засек кај nova 3i моделот од средната класа, уште пред да го презентира кај премиум P20 сериите. Очигледно е дека Huawei одлучил да продолжи со дизајнот со засек и кај Mate 20 сериите, односно, барем кај еден од идните модели.

Сликите со Huawei Mate 20 Lite го потврдуваат присуството на засекот, без разлика на тоа што ова ќе биде најевтиниот уред од Mate 20 сериите. Цената на Mate 20 Lite се очекува да биде 400 евра, кој треба да дојде со 6.3-инчен LCD дисплеј, резолуција од 2340 x 1080 пиксели, 8 јадрен 2.2GHz Kirin 710 процесор, 6GB RAM меморија и 64GB ROM меморија. Неверојатно е тоа што Mate 20 Lite доаѓа со четири камери, две од задната (20MP+2MP) и две од предната страна (24MP+2MP). Фаблетот функционира со Android 8.0 Oreo оперативен систем и батерија со капацитет од 3,650mAh. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}