Google ве следи постојано, од него не може да имате тајни

Објавено на 15.08.2018 во Новости



Google ве следи постојано, од него не може да имате тајни

Ако ги користите услугите на Google, веројатно знаете дека бараат да ги споделувате сите информации. Некои корисници не ги споделуваат информациите за историјата на пребарувањето или споделувањето на локациите. 

На прв поглед тоа изгледа како доволно за Android корисникот да ја задржи својата приватност. Но, Associated Press открива и дека тоа не е вистина. Google ги следи корисниците и ја меморира нивната локација и во случаите кога корисникот тоа го забранува. AP откриваат дека Google ја меморира локацијата на корисникот, веднаш кога ќе ја отвори било која апликација на Google, на пример, Google Maps

Интересно е тоа што на својата страница за приватност на податоци, компанијата истакнува дека „можете да ја исклучите историјата на пребарување во било кој момент“ и тогаш „местата што ги посетувате веќе нема да се меморираат“. Од компанијата се бранат дека јасно комуницираат со корисниците и кога ќе ја исклучат историјата на локациите, Google продолжува да со вклучување на нивната локација за „подобрување на искуството со Google“, кога ги користиме нивните апликации.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}