Sony Xperia XZ3 ги надмина сите претходници со OLED на IFA 2018

Објавено на 31.08.2018 во Новости



Sony Xperia XZ3 ги надмина сите претходници со OLED на IFA 2018

Sony го стави скапиот OLED дисплеј во новата Xperia XZ3 што официјално ја презентираше за време на IFA 2018 саемот во Берлин. Со тоа цената на телефонот достигна неверојатни 900 долари. Смартфонот ќе биде достапен во повеќе земји до крајот на овој септември. Xperia XZ3 е водоотпорен и отпорен на прашина, со технологија за безжично полнење Qi.

Моделот доаѓа со бесплатни Xperia Ear Duo слушалки, калибриран и произведен исто како екраните на премиум Bravia телевизорите. HDR технологијата значително ги подобрува предметите на дисплејот на Sony смартфонот, во што навистина ќе уживате. Xperia XZ3 има always-on display алатка, стерео звучници, Sony Dynamic Vibration System и нов интефејс за камерата. 

Главната камера изнесува 19,2MP, и Motion Eye ™ технологија, која претставува нов систем за камери. Xperia XZ3 има Smart launch технологија со вештачка интелигенција, што моментално ја подготвува и стартува камерата кога го држите телефонот во хоризонтална положба. Предната камера изнесува 13.2MP со отвор на објективот од F/1.9. Оперативниот систем е најновиот - Android 9.0 Pie, а под хауба има Snapdragon 845 процесор. 

Sony Xperia XZ3 навистина вреди со својот стаклен дизајн со 3D ефект, Xperia XZ3 доаѓа со HDR, 6.0-инчен OLED екран со QHD + (1440×2880) резолуција со сооднос 18: 9. Подобрената X-Reality ™ за мобилни уреди ја „претвора“ содржината од SDR до блиска до HDR. Смартфонот има предни стерео звучници и динамичен вибрационен систем.

Xperia XZ3 располага со нов интелигентен кориснички интерфејс. Тука имаме и Side Sense технологија со вештачка интелигенција, со цел да може полесно да го ракувате големиот екран со една рака. Со двоен допир ви излегува панелот со апликации.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}