Sony го стави најдоброто во Xperia XZ3: Беспрекорен дизајн и неверојатно искуство

Објавено на 31.08.2018 во Новости



Sony го стави најдоброто во Xperia XZ3: Беспрекорен дизајн и неверојатно искуство

Sony Mobile Communications ја продолжува еволуцијата во инженерингот и дизајнот на Xperia™ со најновиот модел Xperia XZ3. Ова е најдоброт од Sony во областа на екранот, звукот и игрите. 

Новиот предводник Xperia XZ3 на Sony има беспрекорен дизајн, 6-инчен 18:9 QHD+ HDR OLED дисплеј, со BRAVIA® OLED технологијата за телевизорите на Sony, која овозможува неверојатни црни нијанси и живи бои. Стаклениот дизајн со 3D ефект елегантно се вклопува со OLED дисплејот со тенко и фино тело, кое се слева во вашата рака.

"Новиот предводник XZ3 не само што изгледа прекрасно, туку ги претставува и најсовремените аудио и визуелни технологии на Sony, кои овозможуваат да уживате во високо-резолуциската содржина“, изјави Хидејуки Фуруми, извршниот заменик претседател и раководител на Маркетинг и продажба во Sony Mobile Communications.

Подобрената технологија X-Reality™ for mobile ги конвертира SDR содржините во HDR (High Dynamic Range), за да може корисниците да уживаат максимално во видео содржините со повисока резолуција кога гледаате онлајн. Имате тука нова S-Force Surround технологија за звук, Hi-Res Audio за музика, DSEE HX  и LDAC за безжично слушање. Dynamic Vibration System креира неверојатно доживување на музиката, филмовите и игрите. 

Motion Eye™ камера

XZ3 разполага со нов Smart Launch режим со вештачка интелигенција, која веднаш ја активира камерата, кога смартфонот е во хоризонтално позиција. Тука ги имате и функциите Superior Auto, Predictive Capture, Predictive Autofocus и Smile shutter, кои гарантираат неверојатно добри кадри со камерата на XZ3. Се разбира, Motion Eye™ камерата на Sony предлага и 4K HDR видеозапис за професионално искуство на снимање, како и Full HD 960fps супер бавно снимање за по-драматични кадри.

Моќност

XZ3 ја има најголемата брзина на светот – 1.2Gbps, благодарение на Qualcomm® Snapdragon™ 845 процесорот. Благодарение на софистицираните режими за енергетска ефикасност, батеријата ќе ви трае по цел ден, како што се Smart Stamina, режимот STAMINA, и Battery Careiii, а исто и Qnovo Adaptive Charging.

Xperia XZ3 ќе биде достапен за продажба до крајот на септември 2018 г. и ќе биде еден од првите смартфони со последниот оперативен систем Android™ 9 Pie. Во првата половина на септември ќе почнат преднарачките за Xperia XZ3 со подарок играта Call of Duty: Black Ops 4 (Digital Standard Edition).





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}