Huawei го претстави новиот телефон Huawei Mate 20 lite

Објавено на 06.09.2018 во Новости



Huawei го претстави новиот телефон Huawei Mate 20 lite

Huawei претстави нов уред од Mate серијата. Се работи за Huawei Mate 20 lite, уред смислен за младите корисници кои влегуваат во светот на бизнисот. Доаѓа со четири AI камери, има EMUI 8.2, кој ќе ги задоволи потребите на сите корисници во работата. 

Mate 20 располага со 6,3-инчен FHD+ Huawei FullView дисплеј со сооднос од 19:5:9 и 2 предни + 2 задни AI камери. Предната камера е со 24MP + 2MP , која со помош на Bokeh ефектот може да направат квалитетна фотографија како професионалците. Предните AI камери на Huawei Mate20 Lite препознаваат над 200 различни сцени со осум различни категории. Опцијата за препознавање е имплементирана во задната камера, која проучува до 100 милиони фотографии, што овозможува препознавање на над 500 различни сценарија во 22 категории. 

Huawei Mate 20 Lite има 8 јадрен Kirin 710 процесор и најновиот EMUI 8.2 со Android Oreo за идеален спој на софтвер и хардвер. Kirin 710 е првиот процесор на Huawei изработен преку 12nm процес. Kirin 710 содржи A73 јадра со 2,2 GHz и четири Cortex A53 јадра со 1,7GHz, кои се за 75% посилни од A53 јадрата на Kirinu 659. Сите корисници што ќе извршат преднарачка за HUAWEI Mate 20 lite до 15 септември добиваат и подарок Huawei Band 2 Pro смарт нараквица.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}