Honor Magic е првиот смартфон на Honor со Kirin 980

Објавено на 09.09.2018 во Новости



Honor Magic е првиот смартфон на Honor со Kirin 980

Целото внимание беше насочено кон презентацијата на Honor Play, но од Honor ја објавија и магијата на Honor Magic 2, првиот смартфон на Honor, што се придвижува со Kirin 980. Претставувањето на Honor Magic пред две години претставуваше концепт на вештачка интелигенциија во смартфоните, рече Ѓеорге Жао, претседателот на Honor. 
Honor Magic е првата генерација на смартфон што ја промени индустријата. 

Како дополнителни функции со вештачка интелигенција, телефонот е смарт во вистинска смисла на зборот. Honor Magic доаѓа со револуционерен закривен дизајн и моќна поддршка за „Magic Charge“ 40W полнење. Со овој модел компанијата поставува нови стандарди за сите смартфони. Развојот на овој футуристички уред, внимателно го следат сите производители на телефони и вештачка интелигенција. Смарт опцијата Magic Slide кај Honor Magic 2 е дизајнирана за да обезбеди целосен дисплеј без намалување на другите практични функции. Скриената предна камера овозможува речиси 100% сооднос на екранот во однос на рамките. 

Honor Magic 2 е првиот смартфон на Honor, што го придвижува Kirin 980 процесорот. Тој се одликува со фантастични перформанси со вештачка интелигенција и ги помрднува границите за корисничкото доживување кај смартфоните. Инаку, Honor во првата половина на 2018 година забележал раст на продажба од 150%, што е навистина висока бројка.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}