iPhone Xs смартфоните го имаат најмоќниот процесор било кога

Објавено на 12.09.2018 во Новости



iPhone Xs смартфоните го имаат најмоќниот процесор било кога

Тим Кук го оцени iPhone Xs како најнапредниот смартфон во историјата на Apple со најголем број на иновации. iPhone Xs нуди напредно изработено тенко тело целосно покриено со стакло од двете страни, цврста метална рамка. 

Промена има и во големината, па така iPhone Xs доаѓа со 5,8 инчен дисплеј, а iPhone Xs Max има 6,5 инчен Super AMOLED дисплеј. Двата модела ги краси поддршка за HDR, Dolby Vision, HDR10, имаат 3D Touch сензор, се „будат“ на допир, а располагаат со најбогат израз на бои и контраст со размер од 1 милион спрема 1 милион.

Подобрениот neural engine е главната иновација на новиот десет јадрен А12 процесор (4хGPU, 6x CPU) на iPhone Xs смартфоните со импресивни компјутерски и графички можности, примена на принципи на работа како „учење на машини“, поддршка за AI процеси и може да обработи 5 трилијарди операции во една секунда. 

A12 процесорот ќе биде одличен за гласовниот асистент Siri за поавтоматизирани процеси за помош на корисникот, напредна обработка на пренесена, засилена, проширена и виртуеална реалност, а ќе овозможи и работа со сосема нов вид на апликации и супер напредни видео игри.

Хардверот има и 512 GB основна вградена меморија, што е одлично за тие кои складираат огромен број на слики, видеа, музика и други видови на содржини.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}