Google ќе го руши Shazam со Sound Search

Објавено на 16.09.2018 во Новости



Google ќе го руши Shazam со Sound Search

Google ќе лансира нова верзија на мобилната услуга за откривање на песни која ќе биде директен конкурент на веќе етаблираниот сервис Shazam кој засега е меѓу најпопуларните на пазарот и беше прв кој направи голем пробив.

Sound Search ќе добие многу голема надградба со технологијата која претходно беше пласирана кај Google Pixel смартфоните со Now Playing опцијата за систем за проучување на бази на песни и брзо детектирање на насловот.

Sound Search работи на серверите на Google и не зависи од малата ограничена меморија која ја има Now Playing, па така многу едноставно може да се активира со гласовна команда кога е вклучен Google Assistant или пак да се креира виџет како икона на менито на смартфонот и од таму да се пушти пребарувањето на песната.

Целта на Google е Sound Search да дава резултати во рок од најмногу 10 секунди и со самата брзина и леснотија на употреба и активирање да го надмине Shazam.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}