Huawei подготвува 10 инчен таблет

Објавено на 22.02.2012 во Новости



Huawei подготвува 10 инчен таблет

 

На само неколку дена пред MWC дознаваме дека и кинеската компанија Huawei подготвува 10 инчен таблет за ова шоу.

Таблетот се очекува да биде доста лесен, да работи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich и да биде опремен со 3G технологија за поврзување.

Засега нема информации за процесорот или меморијата, но таа се проширува преку microSD мемориска картичка. Од позади, таблетот ќе доаѓа со камера од 8 мегапиксели и автофкус, заедно со блиц.

Повеќе информации ќе дознаеме по неговата премиера на саемот во Барселона.