Huawei Y9 (2019) официјално откриен како „продиџи за новата генерација“

Објавено на 02.10.2018 во Новости



Huawei Y9 (2019) официјално откриен како „продиџи за новата генерација“

Huawei го откри својот нов модел Y9 2019, кој ќе биде откриен под името Huawei Enjoy 9 Plus во Кина, но остатокот од светот ќе го знае како Huawei Y9 2019. Huawei го дизајнирал моделот со засек во предниот панел на дисплејот. LCD екранот е има големина од 6.5-инчи и резолуција од 1080 x 2340 пиксели.

Телефонот е опремен со Kirin 710 процесор и 4GB/6GB RAM меморија, како и 64GB/128GB внатрешна меморија. Има две двоојни камери, задната е 13MP+2MP и предната 16MP+2MP, плус Huawei AI фотографска технологија. Има масивна батерија од 4,000mAh и Android 8.1 Oreo оперативен систем. Y9 2019 има Fingerprint 4.0 технологија за идентификација, со што корисниците ќе може да го отклучат телефонот за 0.3 секунди. Huawei вели дека телефонот цели кон гејмерската генерација, особено поради своите стилски бои и забавно искуство. Се уште не е позната цената.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}