Samsung на преклоп спомнат со новиот софтвер Android 9 Pie за Galaxy S9

Објавено на 04.10.2018 во Новости



Samsung на преклоп спомнат со новиот софтвер Android 9 Pie за Galaxy S9

Многу податоци протекоа досега за Samsung на преклоп, но се уште ништо не е потврдено официјално. Најновата информација е сигурна, затоа што најновиот софтвер Android 9 Pie за Galaxy S9 издал податок за постоечки телефон на преклоп.

Малку порано годинава протекоа информации дека Samsung телефонот на преклоп е со кодното име Winner. Фајлот “winnerlte” беше откриен во кодот на firmware-от. Друго интересно нешто е тоа што според името на фајлот, Samsung ќе го стави својот Exonys чип. Компанијата обично ги разликува моделите со Snapdragon со "q" на крајот на кодното име. Друга интересна информација за протечениот Android 9 Pie изработен за Galaxy S9, содржи фајл со неоткриен Qualcomm чипсет, кој го спомнува Snapdragon 8150 процесорот. Претходните шпекулации велат дека следниот чип на Qualcomm би можел да се вика Snapdragon 855, но ете, како што дознавме, изгледа дека нема да се вика така. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}