V40 ThinQ на LG пристигна со 5 камери и одлични перформанси

Објавено на 05.10.2018 во Новости



V40 ThinQ на LG пристигна со 5 камери и одлични перформанси

LG го презентираше својот V40 ThinQ модел, кој се презентира како смартфон со пет камери, односно се состои од 3 задни камери и 2 предни камери за селфи. Предноста кај повеќето леќи на камерата се што може да опфатат поголем агол, да зумираат квалитетно и да фотографираат селфи со ефект на замаглена позадина.

Задната камера се состои од стандарден сензор од 12MP, камера од 107 степен со резолуција од 16MP и телефото камера од 12MP. Двојната предна камера се состои од 8MP за селфи и дополнителна камера од 5MP широк агол, која овозможување снимање на групни селфи слики. Интересна можност е опцијата за снимање на три фотографии истовремено со трите задни камери и поврзување на истите фотографии во анимација, благодарение на вештачката интелигенција.

LG V40 ThinQ е препознатлив веќе по камерите, а има и неверојатно голем екран од 6,4 инчи и резолуција од 1440 x 3120 пиксели, 6GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, која може да се надгради со microSD мемориска картичка, а процесорот под хауба е Snapdragon 845. Тука го имате најновиот Android 8.1 Oreo оперативен систем, кој е отпорен на вода и прашина (IP68), има 3,5мм влез за слушалки, батерија од 3300mAh, технологија за брзо полнење. Цената ќе изнесува од 900 до 980 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}