Moto G7 ќе биде огромен смартфон

Објавено на 05.10.2018 во Новости



Moto G7 ќе биде огромен смартфон

G серијата на Motorola се очекува да го донесе можеби досега најквалитетниот и најмоќен уред. Судејќи според првата протечена слика од дизајнот Moto G7 ќе има многу модерни карактеристики, како и прилично огромен 6,4 инчен дисплеј со Full HD Plus резолуција со иновативниот размер на екранот од 18:9.

Moto G7 исто така се очекува да понуди доста квалитетен хардвер предводен од осум-јадрен процесор, 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, ќе има двојна главна камера на задната страна со сензори од 16+5 мегапиксели, издржлива батерија со капацитет од 3500 mAh.

Голем адут на Moto G7 ќе биде секако и неговиот оптимизиран софтвер со последната верзија на Android 9.0 Pie системот. Moto G7 според прогнозите ќе пристигне на почетокот на 2019 година, па се уште е рано за прогнози на неговата цена.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}