Зошто iPhone е толку скап?

Објавено на 06.10.2018 во Новости



Зошто iPhone е толку скап?

Извршниот директор на Apple изјави дека видел многу расклопени iPhone телефони и цени за сите компоненти, но сепак ништо не може да ја анализира правилно вистинската цена за смислување, развивање и склопување на еден телефон.

Ако претпоставиме дека 30% од цената што е еднакво на 390 долари, се вредните компоненти на iPhone XS Max и цената на неговото склопување, Apple и понатаму остава прилично голема маргина на профит за секој продаден телефон. Од друга страна, Apple е многу дисциплинирана компанија што не скока на секој новитет што Android производителите го ставаат во својот телефон. Компанијата од Купертин внимателно го бира тоа што го става во нивните телефони и чека интересната нова технологија да созрее и да се покаже дека може да и се верува пред да се вгради во iPhone.

Ова на Apple му овозможи константно да ги држи своите оперативни маргини на високо ниво во споредба со другите производители. Apple телефоните ја имаат уникатната TrueDepth камера со FaceID технологија на новите iPhone уреди и OLED екрани.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}