Нова слика од Huawei Mate 20 дава одличен преглед на дизајнот

Објавено на 06.10.2018 во Новости



Нова слика од Huawei Mate 20 дава одличен преглед на дизајнот

Huawei Mate 20 е се поблиску до финалната презентација и досега се познати голем дел од неговите потенцијални спецификации, па дури и цените. Сега се појави и нова наводна слика од самиот Huawei Mate 20 која на најдобар начин го прикажува неговиот изглед и дизајн.

Забележливо е дека на врвот на екранот на Huawei Mate 20 има засек, но тој е минимален, односно применет е „капка“ дизајнот на засекот со што одлично е искористен целиот простор и се добива на дополнителна функционалност за селфи камерата.

Huawei Mate 20 ќе има 6,4 инчен дисплеј со минимална рамка, метално тело со стаклени елементи, како и квалитетна 2K HD Plus резолуција.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}