iOs 12 со рекордна надградба, го престигна и iOs 11

Објавено на 06.10.2018 во Новости



iOs 12 со рекордна надградба, го престигна и iOs 11

Оперативниот систем на Apple iOs 12 бележи рекордно брза надградба со неверојатно темпо и за помалку од еден месец изби на врвот според распореденоста кај iOs уредите.

Ова брзо темпо на надградба е одличен сигнал за Apple кој нуди долготрајна софтверска поддршка дури и за стари смартфони како на пример iPhone 5s кој е во листата на поддржани уреди за надградба со iOs 12.

Според статистиките iOs 12 го престигна и iOs 11 со вкупно учество кај iPhone смартфоните и другите уреди на Apple со 47,54%. На второто место на сегментацијата на софтверот на Apple е iOS 11 со 45,6%, а оваа верзија е од 2017 година.

За споредба Android 9.0 Pie на Google кој е достапен повеќе месеци не успева да стигне ниту до 5% учество кај Android уредите.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}