Facebook и Messenger ќе ве следат преку Instagram во секое време

Објавено на 07.10.2018 во Новости



Facebook и Messenger ќе ве следат преку Instagram во секое време

Експертот Џејн Вонг забележала дека оваа функција ја има во приватниот сетинг на Instagram во History Locations. Опцијата им дава дозвола на Facebook, Messenger и Instagram да ги внесуваат локациите на корисникот во History. 

„Кога History Locations е вклучено, Facebook периодично ја додава вашата моментална локација во историјата, дури и кога излегувате од апликацијата. Може да ја исклучите опцијата во секое време во поставките на апликацијата. Кога опцијата е исклучена, Facebook престанува да додава нови информации во History Locations. Facebook сѐ уште може да ја добива вашата нова прецизна локација, за да можете, на пример, да споделувате содржина на која е наведена и вашата локација“, детално објаснува експертката Џејн Вонг. 

Со новата опција Facebook сака да има увид во локацијата на корисниците преку Instagram. Тоа значи дека компанијата на Цукерберг ќе може да ве следи каде се движите во секој момент, дури и кога не ја употребувате апликацијата.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}