Постојат 4 различни модели од новите iPhone XS - Кои се најважните разлики меѓу нив

Објавено на 08.10.2018 во Новости



Постојат 4 различни модели од новите iPhone XS - Кои се најважните разлики меѓу нив

Имаме четири различни модели на iPhone Xs и XS Max, кои Apple ги продава во различни земји и помеѓу нив има големи разлики, а ги имаат ознаките: A1920, A2097, A2098, A2100. Во САД и Канада ги има моделите A1920 (XS) и A1921 (XS Max), а немаат LTE фреквенција 11, 21 и 28.

Јапонија ги доби моделите A2098 (XS) и A2102 (XS Max), кои немаат фреквенција 32 и 71, затоа што се заменети со фреквенциите на 11, 21 и 28, кои се користат само во Јапонија. Овие модели би требало да го поддржуваат јапонскиот SUICA систем за бесконтактно плаќање. Кина ги доби моделите A2100 (XS) и A2104 (XS Max), при што A2104 поседува физички слот за втората SIM картичка за разлика од останатите модели, кои за втората картичка користат eSIM. Хонг Конг и Макао ги имаат моделите A1920 и A2104.

Сите останати во светот ги имаат моделите A2097 (XS) и A2101 (XS Max), кои немаат фреквенција 71 како во САД, но затоа имаат 28 фреквенција. Исто така, ги немаат фреквенциите 11 или 21, но ја задржуваат фреквенцијата од 32. Добрите вести се што ниту една од фреквенциите што се менува во зависност од моделот, не е примарна фреквенција на операторот. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}