Sony дефинитивно работи на нова видео конзола

Објавено на 09.10.2018 во Новости



Sony дефинитивно работи на нова видео конзола

Претседателот на Sony Кеничиро Јошида потврди дека компанијата веќе започнала со работа за развој на следната генерација на конзола за видео игри. Тој не даде повеќе информации ниту детали за тоа во кој правец ќе се движи петтото продолжение на PlayStation конзолата, ниту пак дека ќе ја има бројката 5 во своето име.

Во последниот период Sony значителен ангажман посвети на развој на уредот со виртуелна реалност кој има огромен потенцијал за дополнување на традиционалните видео игри. Сепак, од Sony се очекува да понуди и нешто во делот на хардверот за што говори и Јошида дека е неопходно.

Sony исто така има опција и за развој на гејминг базиран на cloud технологија која овозможува корисникот оналјн да игра видео игри без оглед на неговиот хардвер со што самите конзоли ќе имаат подолг век на траење и нема да зависат исклучиво од развојот на физичките компоненти.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}