Синхронизирајте ги контактите со LinkedIn, за да бидете еден чекор пред сите за работното место

Објавено на 09.10.2018 во Новости



Синхронизирајте ги контактите со LinkedIn, за да бидете еден чекор пред сите за работното место

Без разлика дали ќе излезете на пазарот на труд за првпат, или ќе се префрлите на ново работно место, запознавањето нови колеги или остварување професионални контакти може да биде тешко.

Покрај работното место, исто така е корисно да конектирате и со добавувачите и клиентите преку професионална платформа, а не само како број зачуван на вашиот телефон.

За среќа на сите нас, постои исклучително популарна онлајн платформа за мрежно поврзување LinkedIn која е водечка онлајн платформа за мрежно поврзување за професионалци, која може да се пофали со милион корисници низ светот.

Пребарувајте и додадете ги вашите колеги и клиенти на LinkedIn профилот за да дознаете повеќе за нивните улоги, образовни средини и претходни работодавци.

Синхронизирањето на контакти од вашиот телефонот со LinkedIn профилите е едноставен процес.

1.Преземете ја апликацијата LinkedIn и креирајте профил на LinkedIn

Отворете Google Play Store, побарајте "LinkedIn" и инсталирајте.

Отворете ја LinkedIn апликацијата и притиснете JOIN NOW за да го креирате вашиот LinkedIn профил. 

2. Побарајте ги вашите колеги и професионалните контакти на LinkedIn.

Кога ќе ги пронајдете контактите кои сте ги побарале, притиснете CONNECT за да ги додадете на вашата листа на контакти на LinkedIn.

3. Синхронизирајте ги вашите контакти со нивните профили на LinkedIn

Следете ги инструкциите на екранот за да се најавите на вашиот профил на LinkedIn, по што вашиот телефон автоматски ќе ги синхронизира вашите контакти со нивните профили на LinkedIn доколку се достапни.

За да ги видите деталите за контакт на LinkedIn, отворете го контактот на LinkedIn и притиснетe See LinkedIn information.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}