Добавувачите на Apple се сомневаат во голем успех на iPhone XR

Објавено на 16.10.2018 во Новости



Добавувачите на Apple се сомневаат во голем успех на iPhone XR

Тајванските добавувачи на Apple според инсајдерски информации пренесени од Digitimes се сомневаат во голем успех на смартфонот iPhone XR кој наскоро треба да влезе во продажба и своите прогнози ги базираат на досегашните резултати кои ги постигнаа iPhone XS и iPhone XS Max кои баш и не се сјајни како во минатото.

Наводно веќе компании како TSMC кој ги произведува процесорите за Apple и Largan Precision кој и креираше камерите за iPhone смартфоните од 2018 генерацијата, направиле поскромни очекувања за финансиски приходи за последниот квартал од годинава.

Дали навистина ќе биде така ќе се покаже кога наредната недела iPhone XR како најевтин смартфон на Apple годинава со почетна цена од 749 долари ќе биде пуштен во продажба.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}