Детално: Huawei Mate 20 со „капка роса“ дизајн, 20 Pro со ултра брзо полнење!

Објавено на 16.10.2018 во Новости



Детално: Huawei Mate 20 со „капка роса“ дизајн, 20 Pro со ултра брзо полнење!

Huawei ја подигна естетиката на својата Mate линија на повисоко ниво. Заоблениот OLED дисплеј е навистина нешто добро за око, а да не зборуваме и за TrueDepth камерата. Имате 3D сензор и специјален илуминатор за отклучување на телефонот или авторизирани плаќања, плус имате и анимирани емоџија.

Mate 20 Pro има вграден скенер во екранот, со екстра биометриски опции. Mate 20 содржи помал засек во дизајнот, на кого е лоцирана само предната камера, што Huawei го нарекува „капка роса“, што значи многу поголем екран и минимални рамки, во споредба со конкурентот XS Max. Ова се постигнува со потенка рамка од долната страна во споредба со Mate 20 Pro. Mate 20 е малку повисок и поширок од Mate 20 Pro, што значи дека ќе биде малку поскап и попријатен за носење со една рака.

Mate 20 Pro има огромен 6.3 инчен OLED дисплеј со резолуција од 1440 пиксели, додека Mate 20 има LCD дисплеј, со поголем, 6.53 инчен FHD+ екран. Првиот Geekbench резултат на Huawei Kirin 980 процесорот, изработен со 7nm процес, добил 3390 поени со едно јадро и 10318 со сите јадра. Ова е многу подобар резултат отколку оној со 10nm чипсети.Mate 20 Pro доаѓа со 6/8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија со слот за nanoSD картичка, додека Mate 20 почнува со 4GB/6GB RAM, и 128GB внатрешна меморија. 

Mate 20 и 20 Pro доаѓаат со најбрзиот телефонски модем на Huawei во Kirin 980 процесорот, што значи дека брзината на 21 LTE мрежата за преземање на податоци се качува до 1.4Gbps. Се разбира, провајдерот мора да ја обезбеди оваа брзина на интернет за да може да оди до максимум брзина.

Huawei ја претстави првата тројна камера во светот со 40MP сензор минатата година со P20 Pro, а сега со Mate 20 Pro, при што сега го подобрува алгоритмот со нова камера со 8MP сензор со широка леќа, додека третата е телефото камера со 20MP и 3x оптички зум, во комбинација со 5x дигитален зум. Главниот 40MP сензор е со отвор на бленда од f/1.8 и нова технологија FusionMind, која ги подобрува сликите во простории со слаба осветленост. 

За полнење на батеријата имате неверојатни 40W преку жица и 15W за безжично полнење на телефоните. Huawei вградил батерија со капацитет од 4200mAh кај Mate 20 Pro, додека Mate 20 е со 4000mAh. Mate 20 Pro има ултра брзо полнење со 40W, додека Mate 20 има полнач со 22W charger. Брзиот полнач со 40W може да ја наполни батеријата до 70% за само 30 минути и најверојатно ќе одземе еден час за да се наполни целосно. Ова е навистина неверојатно. 

Huawei Mate 20 и 20 Pro се првите смартфони што пристигнуваат со Android 9 Pie, кој овозможува подобра енергетска ефикасност, поддршка за дизајнот со засек, имате побрзо отварање на апликации, и модул за ракување со телефонот со една рака, а сето тоа е спакувано во новиот кориснички интерфејс Emotion UI 9.0

Mate 20 Pro започнува со цена од 1.049 евра во Европа, исто како Samsung и Apple, кој започнува со продажба во Франција, Америка, Италија и ОАЕ. Mate 20 доаѓа со почетна цена од 799 евра за моделот со 4GB RAM/128GB, а за дополнителни 50 евра го добивате моделот со 6GB. Преднарачките почнуваат уште денес, а телефоните официјално излегуваат во продажба на 26 октомври.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}