iPhone XR ќе се продаде за 50% повеќе од iPhone 8
Објавено на 22.10.2018 во Новости

Apple iPhone XR ќе биде пуштен во продажба следниов петок, а според Роберт Сира, аналитичарот од Guggenheim Securities, ослободувањето на ценовно прифатливиот iPhone ќе има негативен ефект за другите телефони, од кого се очекува да се продава повеќе од премиум моделите. Минатата година Apple лансираше три модели на iPhone X за цена од 700 долари.
Почетната продажна цена на iPhone XR изнесува 749 долари, кој има таква комбинација на спецификации, што ќе поттикнат поголема продажба од iPhone XS и iPhone XS Max. Сира прогнозира дека на iPhone XR ќе се надградат оние што имаат постари модели од iPhone 6, iPhone 6s и iPhone 7. Тој смета дека LCD уредот ќе ја надмине продажбата на iPhone 8 дури за 50%.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.