Samsung патент со засек и сензор за отпечатоци на цел екран

Објавено на 22.10.2018 во Новости



Samsung патент со засек и сензор за отпечатоци на цел екран

Откриено е дека Samsung аплицирал за патент (извор: LetsGoDigital) со оптички вграден скенер за отпечатоци во дисплејот, алатка што може да се најде во следниот Galaxy S10. Во уште еден патент објавен истиот ден, потврдено е дека Samsung веќе е во потрага во иднината на оваа технологија.

Претходниот патент укажуваше на имплементација на нешто слично како ова, но сега сме осигурани дека ќе имаме напреден вграден сензор за отпечатоци на прсти во цел дисплеј, за што ќе биде потребен посебен процесор со понизок енергетски капацитет. Овој процесор ќе биде задолжен за зголемување на светлината на екранот како што допирот на прстот ќе биде детектиран со тапнување од три пати, со цел да се обезбеди квалитет. 

Се разбира, овој сензор се очекува да има повисоко ниво на точност, полесен ќе биде за употреба и побрзо да реагира. Се разбира, се очекува да биде вграден и во следните модели на смартфони што ќе бидат на преклоп. Едниот дизајн е традиционален за Samsung, а вториот укажува на возможно вградување на засек, при што ќе се претендира да се тргнат рамките целосно од предниот панел. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}