Најмоќните Apple таблети со различни екрани

Објавено на 31.10.2018 во Новости



Најмоќните Apple таблети со различни екрани

Двата нови модела на iPad Pro се најмоќните таблети кои досега Apple ги имал. Располагаат со тенки рабови околу екранот и немаат Home типки, па за отклучување на уредот се користи Face ID. За среќа нема ниту засек во дизајнот, туку камерите и сензорите се сместени во горниот раб над екранот, станува збор за Liquid Retina екран, како и кај iPhone XR.

Дијагоналите на екранот на новите модели на iPad Pro се со 11 инчи и 12,9 инчи. Таблетите се тенки и помоќни кога станува збор за графика, се споредуваат со конзолата на Microsoft - Xbox One S. Придвижени се од Apple A12X Bionic чип, претставен во новите модели на iPhone и гарантиран голема брзина, при што батеријата би требало да издржи околу 10 часа, како и во претходните модели.

Треба да се спомене и USB-C можноста за полнење на батериите на iPhone и другите уреди, така што новите модели на iPad ги заменуваат и надворешните батерии. На многумина нема да им се допадне што нема 3,5мм излез за слушалки. Што се однесува до цените, 11 инчениот модел е 799 долари, а 12,9 инчениот iPad Pro 999 долари. Во продажба излегуваат на 7 ноември.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}