Samsung го прифати засекот кај двата нови дисплеја

Објавено на 08.11.2018 во Новости



Samsung го прифати засекот кај двата нови дисплеја

Samsung досега го одбиваше засекот, но изгледа дека се покажа како практичен потег и затоа го прифати и кај двата екрана. Познати како Infinity-V и Infinity-U, дваата дисплеја ќе бидат многу слични поради малиот засек колку една капка вода од горната страна на екранот. Нивната форма ќе биде единствената разлика меѓу двата. 

Infinity-U дисплејот ќе има засек во форма на U, додека Infinity-V панелите ќе бидат со форма на буквата-V. Во однос на нивниот квалитет, нема разлика. Странично ќе имаат многу тенки рамки и мала лента од долната страна. Samsung се уште не потврдува кога ќе стигнат овие дисплеи на пазарот, но најави дека ќе има уште два нови дисплеја. Првиот, најверојатно оној што ќе биде кај Galaxy S10 за следната година, ќе се нарекува Infinity-O. Наместо засек, овој дисплеј ќе биде со мала дупка на горната лева страна, со предна селфи камера. 

Одвоено од овие традиционални дисплеи, јужнокорејскиот гигант го најави и новиот Infinity Flex Display, кој, како што самото име кажува, ќе биде вклучен во новиот телефон на преклоп. Другото вредно нешто да се спомне е дека новиот екран ќе биде компатибилен со новиот кориснички интерфејс One UI на Samsung. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}