Нов Samsung патент укажува на камера во дисплејот и дизајн без рамки

Објавено на 10.11.2018 во Новости



Нов Samsung патент укажува на камера во дисплејот и дизајн без рамки

Се појави нов патент на Samsung со концепт за камера под дисплејот од Let's Go Digital. Според новиот патент очигледно дизајнот на овој Samsung смартфон ќе биде апсолутно без рамки. Сензорите за камерата ќе бидат под дисплејот, а со цел да се реализира ова, Samsung има три слоеви на дисплејот. 

На предниот дисплеј има микро-дупки околу местата на сензорите, а сето ова е покриено со слој стакло, кое ги сокрива камерата и дупката за звучникот за повици. Интересно е тоа што модулот со селфи камера би можел да биде ист и од задната страна. Се разбира, дизајнот оди напред кон тоа за да се заштеди максимален простор и да се зголеми екранот. Овој уред ќе може да проектира и 3D предмети. Се уште не може да се предвиди кон модел на смартфон ќе го има овој концепт дизајн, но се претпоставува дека тоа ќе биде кај Galaxy S11 во 2020 година.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}