Рендер од Moto G7 Plus покажува многу сличности со предводникот

Објавено на 20.11.2018 во Новости



Рендер од Moto G7 Plus покажува многу сличности со предводникот

Фотографија со Moto G7 Plus е објавена. Најголемата разлика меѓу Moto G7 и G7 Plus е големината, регуларниот уред има 6-инчен дисплеј, додека поголемиот модел е со 6.4-инчен екран.

Двата модела изгледаат речиси идентично поради нивниот засек во форма на капка вода од предната страна и модулот за кружна камера од задната страна. Plus варијантата на Motorola Moto G линијата секогаш претендира да биде помоќна. Според неодамнешни информации, Moto G7 ќе пристигне со Snapdragon 660 процесор, 4GB RAM и 64GB ROM. Тоа значи дека за да биде подобар, Moto G7 Plus ќе треба да обезбеди Snapdragon 710. Moto G7 Plus се очекува официјално да излезе на почетокот на 2019 година, заедно со Moto G7 Play, и Moto G7 Power. Очекуваме тоа да се случи на MWC 2019.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}