Sony ќе има проѕирен смартфон на превиткување!

Објавено на 02.12.2018 во Новости



Sony ќе има проѕирен смартфон на превиткување!

2019 ќе биде возбудлива година во мобилната индустрија. Како што претхондо пишувавме во нашата рецензија, не очекува 5G технологија, смартфони на превиткување и дизајн со дупка-во-дисплејот. Sony досега беше многу тивок за своите идни иновативни планови, но сега не изненади со својот можен транспарентен дизајн на телефонот на превиткување.

Јапонската компанија ќе има навистина уникатен дизајн од Samsung и Huawei, за кого веќе излезе концептот од Let'sGoDigital. Патентот на Sony е откриен деновиве, за кого знаеме дека ќе има смартфон со два дисплеја, заден и преден, кој ќе функционира во 6 различни модули, три од предната и три од задната страна. Тие ќе бидат во основа транспарентни, полу-транспарентни и нетранспарентни. 

Очигледно ќе може да ги менувате дисплеите во проѕирни модули и непроѕирни модули, кои ќе функционираат независно оеден од друг. Другиот патент спомнува флексибилен екран. Сето тоа е одлично и веруваме дека Sony Mobile ќе го реализира, само што немаме информации во кој дел од 2019 година тоа би се случило.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}