Microsoft ќе се потпре на Chromium за замена на Edge

Објавено на 04.12.2018 во Новости



Microsoft ќе се потпре на Chromium за замена на Edge

Интернет прелистувачот Edge беше првото софтверско „чедо“ кое произлезе од последната верзија на оперативниот систем Windows 10, но се чини дека не е целосно задоволен од начинот на кој функционира и бројот на активни корисници.

Затоа постои можност Microsoft да се потпре на слободната софтверска платформа Chromium за да креира нов вид на интернет прелистувач кој би бил полесен за користење и побрз. За потсетување токму Chrome прелистувачот кој сега е во сопственост на Google произлезе од Chromium алатките и успеа да стане доминантен на пазарот.

Новиот интернет прелистувач на Microsoft се развива под кодното име Anaheim, но засега нема информации кога ќе биде готов и пуштен во употреба.
 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}