Android 9.0 Pie доаѓа за Samsung Galaxy Note 9

Објавено на 05.12.2018 во Новости



Android 9.0 Pie доаѓа за Samsung Galaxy Note 9

Samsung стартува со бета тестирање на последната верзија на оперативниот систем Android 9.0 Pie за не така стариот премиум фаблет Samsung Galaxy Note 9 која веќе е пуштена за одредена група на корисници во Европа.

Наскоро ќе следи и поширок опфат на бета софтверот на Android 9.0 Pie системот за Samsung Galaxy Note 9 во повеќе европски земји, па така и поголем број на корисници ќе може да дадат придонес во тестирање на надградбата пред таа да биде официјално пуштена.

Новиот апдејт со Android 9.0 Pie за Samsung Galaxy Note 9 би требало да биде финиширан кон крајот на оваа година и со тоа да ги донесе сите новитети во софтверот за поголема безбедност, мултитаскинг и подобри перформанси.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}