E-Tinex е новата онлајн продавница за нарачки од дома

Објавено на 18.12.2018 во Новости



E-Tinex е новата онлајн продавница за нарачки од дома

Tinex е еден од најголемите синџири со маркети во Македонија, затоа сегашната вест со онлајн верзија е голема, со оглед на неговото влијание во малопродажбата во нашата земја. Онлајн продавницата е отворена вчера на 17 декември, која во моментот може да ја користат само жителите на град Скопје.

Во Tinex онлајн продавницата ќе може да се купи производ онлајн и да се чека дома. Во E-Tinex се достапни 6.000 производи во 22 категории, а производите се стандардни, кои може да ги најдете исто така во продавницата. Се разбира, потоа се врши достава на стоката што сте ја купиле. Нормално е дека наскоро треба да очекуваме проширување на овој сервис од Tinex и во други македонски градови.

Инаку, доставата се плаќа во зависност од износот на нарачката - до 900 денари нарачка се плаќа 100 денари, за нарачки од 901 денар до 2500 денари, доставата изнесува 40 денари, а за нарачки над 2501 денари, доставата е бесплатна. Повеќе информации за купување и достава имате на располагање на овој линк.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}