Први детали за одличниот Samsung Galaxy M30
Објавено на 09.02.2019 во Новости

Samsung Mobile наскоро ќе ја прошири новата М серија на смартфони со уште еден одличен модел кој ќе биде за нијанса поголем и помоќен од веќе претставените Galaxy M10 и Galaxy M20.
Станува збор за Samsung Galaxy M30 за кого протекоа речиси сите детали, од дизајнот до техничките спецификации. Samsung Galaxy M30 наскоро ќе пристигне со 6,38 инчен Infinity-V AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција, ќе работи со солидниот осум-јадрен Exynos 7904 процесор, со 128 GB меморија и 6 GB RAM.
Смартфонот ќе има 16 мегапикселна селфи камера со добра f/2.0 леќа, додека пак главната камера ќе биде составена со три сензори, како и супер издржлива батерија со капацитет од 5,000 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.