Погледнете како изгледа иднината на гејмингот

Објавено на 15.03.2019 во Новости



Погледнете како изгледа иднината на гејмингот

Од Google објавија дека следната недела ќе се прикаже каква е нивната визија на гејмингот, на што реагирале од Microsoft и вчера демонстрираа како тие ја замислуваат иднината на пазарот на видео игрите. Google на официјалниот  профил на Twitter објави видео тизер непосредно пред конференцијата Gamers Developers на која планираат да ја претстават визијата за иднината на гејмингот.

Деталите не се објавени, се разбирам, но секој што го следи гејмерскиот пазар во последно време, сигурно ќе сфати за што се работи. Од Google очекуваме стриминг сервис за видео игри – наместо играње на скапи конзоли и компјутери, игрите ќе може да ги стримаме и да уживаме во нив на различни уреди. Исто како и за Netflix што се плаќа, така и за овој сервис ќе треба да се плаќа месечна претплата.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}