Стриминг апликацијата на Disney ќе чини 6,99 долари месечно

Објавено на 14.04.2019 во Новости



Стриминг апликацијата на Disney ќе чини 6,99 долари месечно

Филмскиот гигант Disney планира на 12 ноември да ја лансира сопствената стриминг апликација која ќе биде одговор на понудата на веќе етаблираниот Netflix со многу компетитивна цена на претплата од 6,99 долари месечно.

Под раководство на Disney се најголемите филмски студија во САД, а имаат право на користење на бројни популарни франшизи меѓу кои Star Wars, хероите на Marvel, а од неодамна го преземаа и големото филмско студио 20 Century Fox каде исто така се содржат многу филмски франшизи.

На Disney + ќе бидат лансирани голем број на телевизиски серии и шоуа, додека пак филмските хитови откако ќе бидат прикажани во кино и ќе бидат лансирани за дигитална продажба ќе се најдат и во понудата на стриминг апликацијата.

Сличен производ ќе лансира и Apple со 2 милијарди вложени во нови содржини, па така Netflix за прв пат ќе добие сериозни конкуренти.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}